кумулативен | прид.

Што се однесува на кумулација. Кумулативна енергија. Кумулативен процес.

кумулација | ж.

Трупање, натрупување;

кумче | ср.

Дете што го крстил кумот. Кумот го погледна своето кумче. Многу убаво име му избра на твоето кумче.

куна | ж.

Мала граблива ѕверка со витко тело, кратки нозе и со скапоцено крзно; Mustella foina. Крзното на куната е многу барано на пазарот.

кундак | м.

Задниот дел од огнено оружје кој се притиска на рамото при пукање. Новите пушки се со светнати кундаци од тврдо дрво.

кундале | ср.

Грозд (во народните гатанки).

куникула | ж.

Вид питом зајак, се одгледува поради месото, крзното и влакното; Cuniculus.

кунин | прид.

Што е од куна. Кунина кожа. Кунино крзно.

кунов | прид.