куп 1 | м.

Големо количество од несредени еднакви или различни нешта, истурени или нафрлени на едно место. Куп песок. Куп пченица. Куп јаболка. Куп алишта. Купишта хартија 2. Мало заоблено возвишение.

куп 2 | м.

Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување. Нашата екипа го освои купот.

купа | ж.

куп.

купар | м.

Длабок сад за течност.

купе | ср.

Затворен оддел со седишта во вагон. Патуваме со воз во посебно купе.

купел | м.

Сад за крштавање.

купен | прид.

Што е набавен со купување. Купено палто. Купена куќа.

купечки | прид.

Што се купува, купен. Купечки чорапи. Купечки леб.

купи | св.

Добие во сопственост плаќајќи со пари. Ти купив басма. Купи пиперки од пазар. Ја купи нивата. Купи куќа на вересија.

купиште | ср.

Аугументатив од куп.