купувачка | ж.

Купување, пазарење. Дневна купувачка. Секојдневна купувачка. Купувачка на големо и мало.

купче | ср.

Дем. од куп.

купчи се | несв.

Се собира на куп или во множество. Се купчеа свадбарите.

купчинка | ж.

Купчинки земја. Купчинка луѓе.

кур | м.

Машки полов орган; пенис.

кураж | м.

Храброст, смелост, решителност. Ми влева кураж. Не губеше кураж. Нема кураж да ја погледне.

куражен | прид.

Што е храбар, смел, решителен. Ретко кој покуражен ќе се спротивставеше.

куражи | несв.

Храбри, бодри некого. Ме куражеше, ми даваше сила.

куражлија | прид.

Ти си куражлија каков што нема друг.

куратива | ж.

Лекување и нега на болен.