куплерај | м.

Јавна куќа; бордел.

куплет | м.

Римувана строфа во два или четири стиха што содржи завршена мисла.

куплетист | м.

Автор или исполнител на куплети.

куплунг | м.

Спојка во автомобилот што сврзува две вратила кои ја пренесуваат погонската сила. Го притисна куплунгот и уфрли во брзина.

куповен | прид.

Што се однесува на купување, тоа со што се купува. Куповна моќ. Куповно средство.

купола | ж.

(архит.) Свод изѕидан во облик на полутопка над кружна или квадратна основа; кубе. Црковна купола.

купон | м.

Дел од вредносна хартија што се носи за наплата на достасана камата или дивиденда.

купопродажба | ж.

Спогодба меѓу две страни со која едната страна продава, а другата купува. Потпишаа договор за купопродажба.

купопродажен | прид.

Што се однесува на купопродажба. Купопродажен договор. Купопродажна цена.

купувач | м.

Тој што купува нешто. Купувач на недвижности. Постојан купувач.