куративен | прид.

Што лекува, што служи за лекување; лековит. Куративно дејство. Куративна медицина.

курбан | м.

Кај муслиманите – животно, обично овен, што се коле за Курбан Бајрам. Му таксал црн овен курбан на Алах.

курва | ж.

Блудница, развратница; проститутка. Евтина курва. Градска курва. Војничка курва.

курва се | несв.

Се курвале по борделите.

курвалак | м.

Сите ја знаеја дека е по курва(р)лакот

курвар | м.

Тој што е блудник, развратник. Се омажи за пијаница, коцкар и курвар.

курварница | ж.

Јавна куќа, бордел. Откако се ожени, не стапна во курварници.

курварство | ср.

Разврат, блуд, курвање. Животот им помина во курварство.

курвин | прид.

Што припаѓа на курва. Курвино копиле.

курвински | прид.

Што се однесува на курва. Курвински однос.