кур | м.

Машки полов орган; пенис.

кураж | м.

Храброст, смелост, решителност. Ми влева кураж. Не губеше кураж. Нема кураж да ја погледне.

куражен | прид.

Што е храбар, смел, решителен. Ретко кој покуражен ќе се спротивставеше.

куражи | несв.

Храбри, бодри некого. Ме куражеше, ми даваше сила.

куражлија | прид.

Ти си куражлија каков што нема друг.

куратива | ж.

Лекување и нега на болен.

куративен | прид.

Што лекува, што служи за лекување; лековит. Куративно дејство. Куративна медицина.

курбан | м.

Кај муслиманите – животно, обично овен, што се коле за Курбан Бајрам. Му таксал црн овен курбан на Алах.

курва | ж.

Блудница, развратница; проститутка. Евтина курва. Градска курва. Војничка курва.

курвалак | м.

Сите ја знаеја дека е по курва(р)лакот