Курилски Острови | и.

Руски островски архипелаг во Тихиот Океан.

куриозен | прид.

Што е необичен, чуден, интересен. Куриозна смрт.

куриозитет | м.

Реткост, необичност. Посебен куриозитет на книгата се народните приказни.

курир | м.

Гласник, весник. Стигна абер по курирот.

курија | ж.

(истор.) Назив на групите на кои се делеле патрициите во стариот Рим.

курна | ж.

Камено корито под чешма во бања.

курназ | прид.

Дрзок, надмен, надуен, итар. Истрга курназот многу жито од селаните. Сега знаеш што ми прави тој курназ!

курс | м.

Правец по кој се движи брод, авион и сл.

курсен | прид.

Што се однесува на курс. Курсна настава. Курсна листа.