курсист | м.
Слушател на некој курс. Курсистите беа сместени во интернат.
куртизана | ж.
Жена со лесен морал што се движи во високото општество; блудница. Како куртизани поминуваат голем дел од времето во друштво на мажи.
куртоазен | прид.
Што сѐ прави од куртоазија; учтив. Куртоазна посета. Куртоазни односи.
куртоазија | ж.
Учтивост, убаво однесување што одговара на утврдените правила и обичаи. Ја поздрави од куртоазија.
куртул | м.
Спас, избавување, ослободување. Нему куртул му немаше.
куртули | св.
Спаси, најде спас. Ги куртули парите од пожарот. Од тешко да не куртулиш! Од едни куртули, на други нагази.
куртулиса | св.
куртулувачка | ж.
куршлус | м.
Прекин на електричната струја во електричната мрежа поради непосреден допир на жиците, краток спој.
куршум | м.
Зрно за пукање од пушка, пиштол и сл. Загина од куршум. Ја наполни пушката со куршуми.