куршумен | прид.

Што е од куршум. Куршумна рана. Куршумен дожд.

куршумлија | прид.

Покриен со олово, оловен. Кула куршумлија.

кус | прид.

краток. Куси ракави. Куса прошетка. Кус одговор. Кус разговор.

кус | м.

Големо парче месо. Ги растовараа големите кусови сланина. Донесе богат кус месо.

кусак | м.

Куса долама. Облече шарен кусак.

кусале | ср.

Остана со кусалето в раце.

кусалка | ж.

Кусо дрво за горење. Да го спотнеме огнот со кусалките.

кусаре | ср.

Вид кусо палто поставено со кожа. Ќурчиите носеле кусариња.

кусаче | ср.

Куса волнена машка облека со долги ракави. На себе имаа фанели и кусачиња.

кусе | ср.

Куче без опашка. Лае кусето по сите.