канабе | ср.

Вид диван за седење и лежење, софа. Го канеше да седне на едно кожено канабе што веројатно го користеше и како легло.

канабис | м.

Препарат добиен од растението индиски коноп; марихуана, хашиш.

канава | ж.

Памучна или ленена ткаенина во вид на мрежа, но со помали отвори што се користи како основа на везот.

канаваза | ж.

Земјен сад, ќуп;

канаваца | ж.

Грубо, цврсто платно.

Канада | ж.

Држава во Северна Америка.

канадер | м.

Авион наменет за гасење шумски пожари.

канал | м.

Ископ по кој тече вода за наводнување или за одвод на дождовни и отпадни води.

канален | прид.

Што се однесува на канал, што има канал, што е во вид на канал, што потекнува од канал. Канален систем на вентилација.