кусовлакнест | прид.
Што е со кусо влакно. Кусовлакнесто куче.
кусоглед | прид.
Што не гледа добро во далечина; кратковид.
кусогледен | прид.
кусогледост | ж.
(мед.) Особина на тој што гледа добро од близу, тоа што е близу, а слабо го гледа тоа што е далеку.
кусок | м.
Количество или износ што недостасува, што е помалку од планираното или од потребното. Кусок на пари во касата. При контрола, ни најдоа кусок.
кусометражен | прид.
Само во изразот: кусометражен филм – филм што трае покусо од вообичаеното.
кусотраен | прид.
Кусотраен дожд. Кусотрајно примирје.
кусоумен | прид.
Недоволно паметен, слабоумен;
кустос | м.
Лице со академско образование што уредува и чува некаква збирка, обично во музеј. Кустосот ни ги покажуваше експонатите во музејот.
кусур | м.
Остаток од пари што треба да се вратат при плаќање. Кусурот од парите не го враќаше дома. Платија и кусур не зедоа.