куси | несв.
Прави кус или покус, скратува, смалува. Ги куси панталоните.
кускав | прид.
Што е кус, кусичок.
куско | прид.
Ако е куско, нека е новко.
кускуле | м.
Тој што е со мал раст. Се омажила за кускуле. Ќе те истепам бре, кускуле!
кускулест | прид.
Што е малечок, ситен по раст. Кускулесто дете.
кускун | м.
Го опаша коњот со нов кускун.
кускундале | м.
кусо- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење дека тоа што е искажано во вториот дел е кусо по должина или по траење.
кусовечен | прид.
Што е со кус век, што не живее долго; кратковечен. Кусовечна раса кучиња.
кусовечник | м.
Тој што има кус век. Трепереа срца на кусовечници.