кусурлија | прид.
Што има некаков недостаток, мана. Иако кусурлија, повеќе работеше од другите.
кутале | ср.
кутар | прид.
Што е за жалење, сиромав, несреќен; сирот. О, кутра јас! Кутри затвореници. Кутро дете. За спомен на две кутри души!
кутел 1 | м.
Длабок дрвен сад со дршка.
кутел 2 | м.
Шевот на долниот спој на двете ногавици од панталоните. Ги скина панталоните на кутелот.
кутер | м.
Вид мал брод.
кутина | несв.
кутинач | м.
Кај пушка, пиштол – чкрапец за пукање. Го притисна кутиначот и пукна.
кутија | ж.
Предмет во облик на сандаче со капак од картон, дрво, лим и др. со различна намена. Резбана кутија. Кутија со бонбони. Кутија за чевли. Гласачка кутија.
кутка | несв.