канализациски | прид.

Што се однесува на канализација. Канализациска мрежа.

канализација | ж.

Мрежа, систем од цевки и канали за одвод на отпадни води од населено место. Градска канализација. Ги наместија долгите, железни цевки за водовод и канализација.

канализира | св. и несв.

Изврши, извршува канализација, изради, гради канали за одвод, за истек на вода.

Каналски Острови | и.

Британски острови во каналот Ла Манш.

канап | м.

Тенок, цврст конопен конец што се користи за врзување или за плетење. Кутиите ги врза со канап.

канапен | прид.

Што е од канап. Канапена торба.

канаринец | м.

Мала, песнопојна птица пренесена од Канарските Острови, што се одгледува и во домашни услови (во кафез); Serinus canarius. Дома чуваше кафези со канаринци.

канарка | ж.

канаринка.

Канарски Острови | и.

Шпански острови во Атлантскиот Океан.