канаста | ж.

Вид игра со два шпила карти.

канат | м.

Крило од врата или од прозорец.

каната | ж.

Земјен сад за вода и за други течности со широк отвор и со рачка.

канач | м.

Тој што кани на свадба и сл.

Канбера | ж.

Главен град на Австралија.

кандар(д)иса | св.

Изнуди согласност, принуди, наговори некого на нешто.

канделабар | м.

Голем свешник за повеќе свеќи.

кандидат | м.

Тој што конкурира; тој што ги исполнува условите пропишани за некоја служба, звање и сл. На конкурсот во училиштето се јавија голем број кандидати. Таа година тој беше единствениот кандидат за академик.

кандидатура | ж.

Формално извршена постапка при пријавување за кандидат. Кандидатура за претседател. Кандидатурата не му беше прифатена.