канонизација | ж.
(црков.) Прогласување на некого за светец.
канонизира | св. и несв.
Прогласи, прогласува некого за светец.
каноник | м.
Католички свештеник со повисок чин.
каноса | св.
Обои со кана. Ја каноса косата.
канта | ж.
Поголем лимен или пластичен сад со различна форма и за различна намена. Канта за вода. Канта за сирење. Канта за ѓубре.
Кантабриско Море | ср.
кантар | м.
Направа за мерење тежина. Мери на кантар.
кантарина | ж.
Такса за мерење на кантар.
кантарион | м.
Повеќегодишно лековито растение; засеклива трева, тантур.
кантарија | ж.