каненик | м.
Тој што е поканет на свадба и сл.
кани | св. и несв.
а) Повика, повикува некого на гости, на свадба и сл. Роднините ги канеа на ручек или на вечера. Многу пати ги канам дома кај мене. б) Повика, повикува некого на нешто. На мегдан те канам. Јас ве канам на чесна работа.
канибал | м.
Дивјак што јаде човечко месо, човекојадец.
канибализам | м.
Човекојадство.
каниса | св.
каниска | ж.
Храна со која се канат гости на свадба.
канистер | м.
Метална или пластична канта со затворач за пренесување на течности.
канија | ж.
Корица за нож, сабја, меч и сл. Десната рака ја држеше канијата од широката сабја.
канон | м.
(црков.) а) Утврдено правило, закон донесен од највисоката црковна власт во христијанската религија. Црковни канони. б) Попис на религиозни списи прифатени од црквата како свети книги. в) Псалм определен за пеење во чест на празник или светец; молитва.
канонада | ж.
Зачестени или продолжени артилериски истрели. Топовска канонада.