кантарка | ж.
Вид круша со крупен плод.
кантарки | и.
Роднини на невестата што одат кај зетот за да ја видат невестата.
кантарница | ж.
Просторија за мерење на кантар.
кантарџилница | ж.
кантарџија | м.
Тој што изработува и што поправа кантари.
кантата | ж.
Голема вокално-инструментална композиција од неколку дела за солисти, хор и оркестар.
кантилена | ж.
Мелодија со певлив, лирски карактер во поголема музичка композиција.
кантина | ж.
Мала продавница за храна, пијалак и други поситни работи (обично во касарна, фабрика и сл.); менза, кујна. Најчесто седеа во кантината и испиваа молкум по еден чај. Тој отвори кантина за војската.
кантинер | м.
Продавач во кантина, сопственик на кантина.
кантиче | ср.