кантон | м.

Автономна административно-територијална единица, сојузна држава во состав на Швајцарија.

кану | ср.

Лесен чамец, изработен од кора на дрво или од издлабено стебло, обично кај северноамериканските Индијанци.

кануист | м.

Спортист што управува со кану.

канцелар | м.

(истор.) Највисок дворски чиновник, личен секретар на кралот.

канцелариски | прид.

Што се однесува на канцеларија, административен; бирократски. Канцелариски материјал. Канцелариско време. Канцелариски службеник. Канцелариски мебел.

канцеларија | ж.

а) Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи; биро, уред. Во канцелариите наеднаш стана мошне живо. Наставничка канцеларија. Канцеларија за извештаи и рапорти. Адвокатска канцеларија. б) Персоналот што работи во такво биро, администрација. Имаа чести преписки со неговата канцеларија.

канцер | м.

Тешко, малигно заболување на ткивата; карцином, рак.

канцероген | прид.

Што предизвикува канцер, рак. Канцерогени супстанции.

канцерозен | прид.

Што се однесува на канцер, на рак.