капс | м.
капсла | ж.
капсула | ж.
каписла Барут ќе ти дадам, и сачми, само капсули немам.
каптажа | ж.
Направа за собирање и одвод на подземна и изворска вода.
каптира | св. и несв.
Изврши, извршува каптажа.
капула | ж.
Прекривка за коњ.
капура | ж.
Кај животни преживари – вториот, помал дел од желудникот.
капут | м.
Долго зимско палто. Беше тоа висок човек, со дигната јака од долгиот црн капут и со длабоко набиен шешир.
капучино | ср.
Вид топла напивка од кафе со малку млеко.
капуш | м.
Зелен грав.