каплама | ж.

Постава, облога од ткаенина, крзно, кожа итн.

каплар | м.

Најнизок воен чин; десетар. Капларот поднесе рапорт.

капнат | прид.

Што е изнемоштен, изморен. Сега чувствувам колку снагата ми е капната.

капнатост | ж.

Состојба на тој што е капнат, измореност, истоштеност.

капне | св.

Падне во вид на капка (за вода, солза и сл.); капе2 Му се стори како да капна солза од неговите очи. На стаклата од прозорецот капнаа неколку капки.

капнувачка | ж.

Истоштеност, премореност.

каприс | м.

Желба, барање, намера што произлегува од инает, своеволност; своеглаво барање или постапка. Не можев да сфатам дека од чист каприц некој ќе го скрши стапот над едно сиромашко дете. Фамилијата не може да биде разрушена по каприц или произвол на еден од сопрузите

каприциозен | прид.

Што е со каприци, самоволен, тврдоглав. Каприциозна девојка.

каприцира се | св. и несв.

Стане, станува каприциозен; упорно, тврдоглаво остане, останува на своето; се инаети, се заинаети.

капричо | ср.

Вид инструментално музичко дело со слободна форма, што се одликува со неочекувани промени и жива мелодија.