карамфил | м.
караница | ж.
Кавга, расправија. Природно е за луѓе што се под ист покрив да не можат без караница. Од горниот дел на селото допре караница.
карантин | м.
Изолација на болни (луѓе, добиток, растенија) од заразни болести заради заштита и спречување на ширење на епидемија. Сите земји во регионот имаат воведено карантин.
каранфил | м.
Диво или градинарско цвеќе со мирисливи, тркалезни цветови со многу цветни ливчиња во различни бои; Dianthus caryophyllus. Отиде до бавчичето да ги навади каранфилите.
Караорман | м.
Планина во Македонија.
карар | м.
Мера, граница; ред. Јади со карар.
карасевда | ж.
Голема тага поради љубов.
карат | м.
Мера за чистотата на злато и на скапоцени камења.
карате | ср.
Јапонска борбена вештина, техника за напад и одбрана без употреба на оружје; спортска дисциплина што ја користи оваа техника на одбрана.
каратист | м.
Тој што се занимава со карате.