карактеристичен | прид.

Што ја изразува суштината, основната црта на некого или на нешто, што претставува нечија карактеристика; својствен, типичен. Ме погледна со оној свој, карактеристичен, продорен поглед. Народот е полн со духовни богатства, интересни карактеристични својства и чудни обичаи.

карактерологија | ж.

Наука што ги проучува карактерите на поединци и групи.

каракул | м.

Вид овца со црно, виткано влакно; скапоцено црно, јагнешко крзно; астраган.

Каракум | м.

Пустина во Средна Азија.

каракуш | м.

Коскен израсток на скочниот зглоб од задната нога или на колено од коњ и заболување што го предизвикува тој израсток; мртва коска.

караман | м.

Вид куче, обично со црно влакно; име за куче со црно влакно.

караманка | ж.

Вид круша.

карамбол | м.

Во билијардот – вид игра со три кугли; судирање на куглите.

карамел | м.

Ретка, златнокафеава смеса со пријатен мирис, што се добива со загревање на гликоза или шеќер со млеко и се користи во слаткарството.

карамела | ж.

Вид бонбона од карамел. Децата ги разграбаа сите карамели.