караул | м.
(само едн.) Вооружена стража.
караула | ж.
Стражарница на граница, крај мост, на пат и сл. Гранична караула. Војничка караула.
карачка | ж.
караш | м.
Вид слатководна риба слична на крап; Carassius carassius.
караштиса | св.
Измеша неколку работи, нешта. Виното го караштиса со вода.
караѓоз | м.
(разг.) Тој што прави смешки, комичар.
караѓозлија | прид.
Црноок.
Караџица | м.
Планина во Македонија.
карбид | м.
Хемиско соединение на метал и други елементи со јаглерод.
карбол | м.
Хемиско соединение, во вид на тврд, безбоен кристал, што се добива по синтетички пат или од смола од камен јаглен; фенол, карболна киселина.