карбон | м.

(хем.) јаглерод.

карбонат | м.

Сол на јаглеродна киселина.

карбонизација | ж.

Процес на претворање на органски материи во јаглен.

карбонизира | св. и несв.

Изврши, врши карбонизација, претвори, претвора во јаглен.

карбонит | м.

Слаб рударски експлозив.

карбуратор | м.

Дел од мотор со внатрешно согорување во кој се врши претворање на течното гориво во смеса од гасови и воздух.

карван | м.

Колона од животни (коњи, камили и сл.) за превоз на стока и луѓе. Тука сретнаа карван од десетина маски и коњи.

карвансарај | м.

Гостилница со преноќиште, за одмор на патниците што патуваат со каравн и со голем двор за сместување на коњите и стоката.

карванџија | м.

Водач на карван.

карго | м.

Бродски товар; товар воопшто.