кардаш | м.
Другар, пријател, брат. Секој ден скита со оној негов кардаш.
кардинал 1 | м.
Највисок свештенички чин, веднаш по папата, во хиерархијата на католичката црква.
кардинал 2 | м.
Вид црно десертно грозје со крупни зрна .
кардинален | прид.
Што е главен, основен, суштествен. Кардинални промени. Кардинален доказ.
кардио- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење што е поврзано со срцето: кардиограм, кардиохирургија.
кардиограм | м.
Графички приказ на работата на срцето.
кардиограф | м.
Апарат за кардиограм.
кардиолог | м.
Лекар, специјалист за срцеви болести.
кардиологија | ж.
Дел од медицината што го проучува срцето, срцевите болести и нивното лекување.
каре | ср.
Парче месо со ребра. Свинско каре.