каренца | ж.

Период од последната примена на хемиски средства (пестициди и сл.) до првата жетва или берба..

карета | ж.

Вид покриена кола, влечена од коњи за превоз на луѓе. Девојките излегоа од убавите карети.

Кариби | и.

Група острови во Карипско Море, Средна Америка.

кариер | м.

Најбрз коњски галоп.

кариера | ж.

Избрана професија, служба, занимање; време поминато во некое занимање. Научна кариера. Уметничка кариера.

кариеризам | м.

Безобѕирен стремеж кон успешна кариера. Тој не се откажуваше од своите амбиции за кариеризам.

кариерист | зам.

Тој што се одликува со кариери

кариес | м.

Заболување што доведува до уништување, разјадување на коскените ткива на забите.

карикатура | ж.

Цртеж во кој свесно се истакнати, зголемени и изобличени карактеристичните црти на некоја личност, предмет, настан или појава за да се постигне комичен или сатиричен ефект. Ти го земаш четчето и потоа правиш подмолна карикатура со мојот лик.

карикатурално | прил.

На комичен, на сатиричен начин. Многу од вашите ликови се прикажани карикатурално.