када 1 | ж.

Поголем, обично емајлиран, сад за капење. Ја наполни кадата со топла вода.

кадаиф | м.

Суви тестени влакна и слатки од такви влакна испечени со масло и ореви и полиени со шеќерен сируп, шербет.

кадана | ж.

За Турчинка – угледна жена, госпоѓа; добра домаќинка. Каданите го двореа и му даваа сè што ќе посакаше.

каданка | ж.

Дем. од кадана.

кадар 1 | м.

Сиот состав, сите лица опфатени во одделна професија, служба, организација; персонал. Наставен кадар. Научни кадри. Партиски кадар.

кадар 2 | м.

Основна монтажна единица на филм, дел од филмска лента снимен со еднократна работа на камерата.

кадар | прид.

Што е способен, што може нешто да направи. Слаб е, не е кадарен да се бори

каде | сврз.

Сврзувачки збор во зависносложени реченици, во составот на зависната дел-реченица за односно (релативно) надоврзување. Сакам да знам каде одат тие.

каде | прил.

Како прашален збор: а) На кое место. Каде ми се клучевите? б) Во кој правец, во која насока. Каде ќе одиш сега?