каде | предл.

Определба за место; кај. Го нашле каде црквата и го врзале. Каде вас има убави моми.

кадеж | м.

Чад. Го гледаше кадежот над покривите.

кадела | ж.

Влачена волна подготвена за предење, што се става на фурка.

каденца | ж.

Акордски низ со кој се завршува некој дел од композиција или музичко дело како целина.

кадет | м.

Питомец на воено училиште.

кади | несв.

При христијански обред, со кадилница шири дим и мирис на темјан. Попот ја кади црквата.

кадија | м.

Судија.

кадилак | м.

(истор.) Област во која суди еден кадија.

кадилница | ж.

Мал, метален сад за кадење со темјан при црковни обреди. Ѓаконот оди по него и мавта со кадилницата.