карикатурен | прид.

Што е својствен на карикатура, што е прикажан, претставен во карикатура; смешен, комичен. Во неговото дело има карикатурни ликови.

карикатурист | м.

Тој што црта карикатури.

карикира | св. и несв.

Прикаже, прикажува со потсмевање, во карикатура. Ќе ја поднаведнеше главата и ќе го спуштеше жално гласот, карикирајќи го својот соговорник.

Карипско Море | ср.

Море во Средна Америка.

карира | св. и несв.

Направи, прави четвороаголни шари.

кариран | прид.

Што е украсен со четвороаголни шари, со коцки. Кариран фустан. Карирана кошула. Карирани чаршафи.

каријатида | ж.

Столб во форма на женска фигура.

карклоци | и.

Ножици за стрижење овци.

карлица | ж.

Коскен појас изграден од коските на долниот дел од телото; долен дел од телото, колкови, бедра.