карта 2 | ж.
Плоскат дрвен сад во форма на матарка во кој се служи вино, се кани на свадба и сл. На средсело пак се сретнаа и ги изменија картите со вино и шишињата со ракија.
карта се | несв.
Игра со карти. Јас не се картам ни за да добивам, ни за да губам, туку од забава.
Картагина | ж.
Древен град и држава во Северна Африка.
картал | м.
Мршојадна птица, вид орел; Vultur monachus.
картаџија | м.
Тој што често се карта. Тој навечер со познатите картаџии играше карти.
картел | м.
Облик на монополистичко здружување во областа на индустријата и на капиталот заради отстранување на конкуренцијата.
картер | м.
Дел од автомобилски мотор, во кој се врши подмачкување на неговите најважни делови.
картеч | м.
Вид топовска граната исполнета со топчиња што при пукање се распрскуваат.
картечен | прид.
Што се однесува на картеч, што потекнува од картеч. Картечен оган.
картечница | ж.
Автоматско огнено оружје; митралез. Потоа ќе се јавеа пак пушките и картечниците остро и пискливо.