картичка | ж.
Дем. од картаВизитна картичка.
картограф | м.
Тој што се занимава со картографија.
картографира | св. и несв.
Изработи, изработува карта (на некаква област, терен и сл.) со потребните географски податоци. Собраниот материјал, пред да се картографира, се обработува низ повеќе фази.
картографија | ж.
Наука за претставување на Земјината површина на географски карти; вештина и техника за изработка на географски карти.
картографски | прид.
Што се однесува на картографија и на картограф. Картографска обработка.
картон | м.
Дебела, цврста и крута хартија добиена со посебна обработка. Прозорците беа затворени со картони. Ракописот го чуваше во корици од картон.
картонажа | ж.
а) Одделение во фабрика за хартија специјализирано за изработка на картон. б) Работилница за изработка на предмети од картон.
картоп | м.
Вид украсно дрво, со бели топчести цветови, чија кора се употребува како лек; Viburnum opulus.
картотека | ж.
Збирка на систематизирани и по азбучен ред подредени картони со основни податоци за предметите од некоја збирка, за книги во библиотека и сл. Азбучна картотека. Болничка картотека.
картотекар | м.
Тој што работи во картотека.