каротин | м.
Жолта органска материја која на морковот и на деловите од некои други растенија им дава жолта или пурпурножолта боја. Морковот има голема количина на каротин.
карпа | ж.
Голема камена маса што се издига над површината. Тој ја набљудуваше како се спушта од карпите. Над силната река беа надвиснати карпи. Подводни карпи.
Карпати | и.
Планински масив во Централна и Источна Европа.
Карпентариски Залив | м.
Залив на северниот брег на Австралија.
карпест | прид.
Што има карпа, што е од карпи. Карпести клисури. Карпест терен.
Карпести Планини | и.
Планински масив во САД.
карпуз | м.
карст | м.
Варовит предел, испресечен со вдлабнатини, пештери и сл., вдлабнатини настанати под дејство на атмосферски води. Местото беше опкружено со карст.
карстен | прид.
Што се однесува на карст, што има својства на карст. Карстен предел.
карта 1 | ж.
а) Цртеж на Земјината површина, на одделни нејзини делови или на други небески тела; мапа. Карта на светот. Географска карта. Астрономска карта. б) Цртеж со специфични податоци што служат за определени научни истражувања, за определени потреби. Ботаничка карта. Политичка карта. Железничка карта.