картотечен | прид.

Што се однесува на картотека. Картотечен број.

Картум | м.

Главен град на Судан.

карфиол | м.

Вид зелка, чиј дебел, бел цвет се користи како зеленчук; самиот цвет на растението; Brassica oleracea botrytis cauliflora. Во многу земји карфиолот е еден од најбараните зеленчуци.

карцином | м.

Малиген, епителен тумор образуван во телото; рак.

карчо | м.

Назив за коњ или вол со црни влакна по телото.

карши | прил.

Спроти, од спротивната страна. Седна карши мене

каршилак | м.

Одговор на прашање, одговарање. Го предаде писмото и доби каршилак од кај што требаше.

каршија | прил.

Отспротива. Тие живеат од каршија.

кас | м.

Лесно, рамномерно движење на коњ побрзо од одење, а побавно од трчање. Коњот оди со рамномерен кас.