каса | ж.
а) Кутија или шкаф, обично од метал за чување на пари и други скапоцености. Ја отвори железната каса во која чуваше злато, меници, накит и други скапоцености. б) Направа во којашто се регистрира наплатата од одделни продукти, се пресметува вкупниот износ и се издава белешка. Фискална каса.
каса | несв.
Гризе со заби, боцка со осило, оставајќи трага, рана. Исплашена ги праша дали кучето каса. Се бранеше од инсектите што летаа и касаа. Таа ги касаше своите усни.
касаба | ж.
Гратче во внатрешноста, паланка. Во касабата сега имаше постојан одред војска.
касап | м.
Тој што се занимава со колење на добиток и со подготовка на месо.
касапи | несв.
Сече, подготвува за продажба и продава месо; работи како касап.
касапница | ж.
Зграда, просторија за колење добиток и подготовка на месо; кланица.
касарма | ж.
касарна | ж.
Зграда за постојано сместување на војска. Војничка касарна.
касационен | прид.
Што се однесува на касација, што има право на касација. Касациона постапка. Касационен суд.
касација | ж.
Поништување на пресуда од понизок суд, (поради погрешна примена или непочитување на законските прописи) од страна на повисоки судски органи.