каскада | ж.

Водопад чијашто вода паѓа скалесто или низ падини во вид на тераси, мали водопади со скалест пад.

каскаден | прид.

Што е од каскади, што се однесува на каскада.

каскадер | м.

Двојник, дублер што го заменува филмскиот актер при снимање на опасни и тешки сцени.

каскадерство | ср.

Работа, занимање на каскадер. Со каскадерство се занимава долго време.

касканџилак | м.

Завидливост.

касканџија | м.

Тој што завидува.

каскет | м.

Кожен каскет.

каско | ср.

Обично во составот каско-осигурување – целосно осигурување на возило од сите ризици.