касач | м.
Тој што зајадува, навредува, боцка некого со зборови; зајадливец.
касај | м.
касела | ж.
Ковчег, сандак за облека; Во такви касели порано невестите ја токмеле својата руба.
касен | прид.
касета | ж.
Мала метална кутија за чување пари и скапоцености.
касетофон | м.
Направа за запис и репродукција на звук од касета. Го пушти касетофонот и звуците се разлеаја во просторијата.
касиер | м.
Тој што работи на каса во продавница или што води евиденција за издадена храна и пијалак во кафеана. На долгиот шанк седеше касиерот и мрзоволно гледаше во него.
касира | св. и несв.
Огласи, огласува за неважечко, поништи, поништува судско решение и сл.
касичка | ж.
Дем. од каса.
каска | несв.
Се движи со кас.