касмет | м.
Среќа. Тргна да си го бара касметот.
касметлив | прид.
Што има среќа, среќник. Момчето беше касметливо.
касметлија | прид.
каснатина | ж.
Трага, рана од каснување. На неговото лице останаа каснатини од моите заби.
касне | св.
Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана. По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела. Тој незабележано го касна мустакот. Козарот го каснала змија во планината. Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала.
касни | несв.
касно | прил.
касов | прид.
Што се однесува на каса. Касова книга. Касов минимум.
Касписко Море | ср.
Солено езеро помеѓу Европа и Азија.
каста | ж.
Во некои источни земји, строго изделен социјален слој луѓе што се поврзани преку потеклото, професијата и општествениот статус.