кастанети | и.

Ударен музички инструмент, што се состои од две дрвени, метални и сл. плочки, поставени на прстите, кои се удираат една од друга и произведуваат звук.

кастел | м.

Замок, тврдина.

кастелан | м.

Управник, заповедник на замок.

кастрат | м.

Кастриран човек; евнух.

кастрација | ж.

Отстранување на половите жлезди кај човек или животно; кастрирање.

кастрач | м.

Нож со закривено сечиво и остар врв, што се користи во овоштарството.

кастреж | м.

Кастрење, поткастрување на гранки.

кастреник | м.

Дрво со поткастрени гранки.

кастреница | ж.

Место со поткастрени дрвја.

кастри | несв.

Сече или потсекува нешто. Татко му ги кастреше старите стебла. Брадата ја кастри со ножиците.