кастрира | св. и несв.

Изврши, извршува кастрација.

Кастрис | м.

Главен град на Света Луција.

кат 1 | м.

Место каде што се составуваат два ѕида во некаква просторија; агол 2. Тој се сврте и дури сега забележа оти во најтемниот кат седеше една баба. Во еден мрачен кат светеше сјаен автопортрет.

кат 2 | м.

Дел од куќата меѓу два тавана; етаж во зграда. Пајтонот пристигна пред една жолта зграда на два ката. Горниот кат од дуќанот беше полн со поситна стока.

ката- | претс.

Како прв дел од сложенки означува дека нешто се повторува во временско растојание означено со вториот дел од сложенката; со значење секој: катаутро, катаноќ, катагодина, катапразник.

катадешен | прид.

Секојдневен;

катадневен | прид.

а) Што се повторува секој ден, што се случува, што се извршува секој ден. Катадневни грижи. б) Што служи за секој ден, обичен; Носеше катадневно доламче.

катаклизма | ж.

Голема елементарна несреќа предизвикана од природни стихии (земјотрес, поплава и сл.).

катаклизмичен | прид.

Што има карактер на катаклизма. Катаклизмични појави во природата.