катарза | ж.
Прочистување и воспоставување душевна рамнотежа.
катарка 1 | ж.
Заоблена греда, дрвена или метална, вертикално поставена на бродска палуба што служи за распнување на едрата, за набљудување и сл., јарбол. На главната катарка се вееше знамето.
катарка 2 | ж.
катастар | м.
Службена евиденција на земјиште според квалитетот, културата и геодетските мерења што служи за технички, економски и статистички цели и како основа за оданочување на земјиштето; службата што ја води таа евиденција.
катастрофа | ж.
Настан со тешки последици, голема несреќа со човечки и материјални загуби; пропаст. Радиото емитувало вести за разни катастрофи. Природна катастрофа. Морална катастрофа.
катастрофален | прид.
Што има карактер на катастрофа, што предизвикува катастрофа. Катастрофални последици. Катастрофален земјотрес.
катафалка | ж.
Погребна кола.
Категат | м.
Морски проток помеѓу Данска и Шведска.
категоризација | ж.
Распределување по категории, вклучување во категории. Жанровска и стилска категоризација.
категоризира | св. и несв.
Изврши, врши категоризација.