категориса | св.
категориски | прид.
категоричен | прид.
Што е точно определен, решителен. Категорично тврдење. Категоричен одговор. Категорички императив
категорија | ж.
Поим, во кој се одразуваат најопштите и најсуштествените својства и односи меѓу предметите и појавите во реалниот свет. Културата е категорија поширока и од самото општество. Тогаш видов колку е времето релативна категорија. Етички категории.
категоријален | прид.
Што се однесува на категорија, својствен за категорија. Категоријални својства.
катедра | ж.
Маса за предавач, наставник во училница, сала за предавања, обично поставена на повисоко место. Класниот старешина се упати кон катедрата, го одложи дневникот и седна.
катедрала | ж.
Главна црква, седиште на бискуп. Патот минуваше крај катедралата.
катедрален | прид.
Што се однесува на катедрала, што припаѓа на катедрала. Катедрална црква.
катен | прид.
Што има повеќе катови, што е на кат; кат2 Катна гаража.
катета | ж.
Во геометрија – кај правоаголен триаголник, една од двете страни што образуваат прав агол. Хипотенузата е подолга од катетата.