кадифе | ср.

Вид мека, свилена, памучна или волнена ткаенина; сомот. Носеше елече од зелено кадифе.

кадифен | прид.

Што е направен од кадифе. Кадифен фустан.

кадифест | прид.

Што е како кадифе. Кадифест мов.

кадифка | ср.

Вид растение со кадифести цветови, џунџуле; Tagetes erectus

кадра | ж.

Извиткано, свиткано перче коса; локна. Некој му ја симна шапката и го зграпчи за неуредните кадри.

кадрав | прид.

Што е извиткан во кадра, што има кадри. Кадрава коса. Кадрава брада. Кадраво кученце.

кадравост | ж.

Особина, состојба на тоа што е кадраво.

кадраџија | м.

Фотограф.

кадрест | прид.

кадри | несв.

Прави кадри, витка коса. Девојките ги кадреа косите со маша.