каустичен | прид.
Што нагризува. Каустично дејство.
кауција | ж.
Пари или хартии од вредност што се даваат како гаранција за извршување на договорени обврски.
кауч | м.
Широко легло на расклопување со низок потпирач, што служи за седење и спиење. Лежеше испружена на каучот.
каучук | м.
Еластична материја, добиена од млечен сок на различни тропски дрва, што служи како главен продукт за изработка на гума.
кауш | м.
Затворска ќелија, самица.
кафе | ср.
(само едн.) (бот.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод; Coffea.
кафеав | прид.
Што има боја на кафе. Носеше кафеав костум. Кафеави очи.
кафеана | ж.
Локал каде што се пие и се јаде; гостилница. Напладне кафеаната вриеше од шарен свет.
кафеготвач | м.
Тој што вари кафе.
кафез | м.
Простор затворен со мрежа или решетки. а) Куќичка за птици, живина или помали животни. Папагалите ги сместија во убав кафез. Види да не замрзнало некое пиле во кафезите. б) Просторија за чување, затворање на диви животни. Застанаа пред кафезите со лавови.