кафен | прид.
Што е со боја на кафе. Замолче и седна на еден стар, кафен стол. Кафена коса. Кафено палто.
кафеникав | прид.
Што има кафена нијанса.
кафенце | ср.
Веднаш ќе сварам кафенце.
кафетерија | ж.
Посебен тип ресторан во кој јадењето се добива со самопослужување, а се служи само кафе.
кафешантан | м.
Кафеана, гостилница со забавна програма.
кафеџија | м.
Сопственик на кафеана, гостилничар.
кафилерија | ж.
Завод каде што се уништуваат мрши на убиени и пцовисани животни.
кафтан | м.
Вид долга горна облека, обично од чоја. Старицата ме пречека на прагот завиткана со стар, излитен кафтан.
кафтарка | ж.
Сламена, заштитна наметка за кошници за пчели.
кафти се | несв.