кафуле | ср.
Мал локал каде што може да се пие. Младите не треба да бидат препуштени на кафеаните и кафулињата.
каца | ж.
Голем, валчест, дрвен сад, стегнат со обрачи, на дното проширен, а на горната страна отворен. Каца со сирење. Каца со расол. Каца со маст. Каца со туршија.
кацар | м.
кацига | ж.
Вид шлем за заштита при возење (тркачки автомобил, мотор, велосипед и сл.).
кација | ж.
Железна лопатка за жар. До огништето имаше маша и кација.
качак | м.
(арх.) Одметник од власта и од законот; разбојник.
качамак | м.
Јадење од варено пченкарно брашно; бакардан. Ќе направиме за вечера малку качамак.
качар | м.
Тој што изработува и поправа каци, бочви и буриња.
качарница | ж.
Просторија во која се чуваат каци, бочви и други садови. Сè ви е надвор: куќите, шталите и качарниците.
качествен | прид.
Што се однесува на качество.