качество | ср.
Севкупност од суштински особини, својства на еден предмет или појава со што се разликуваат од другите; вредност. Со тие свои качества, тој полека но сигурно им се наложува на луѓето.
качи 1 | несв.
Закачува, беси нешто. На балконот качиме везени пиперки да се сушат. Го качи палтото на закачалката.2. Забодува клин, колец и сл.
качи 2 | св.
Дигне некого или нешто, доведе, дотера на повисоко место. Старата облека ја качи на таванот. Го качија на чардакот, само да види до кај е работата. Времето се затопли, овците треба да ги качиме на планина.
качкет | м.
Вид шапка со стреа, козирка. Дедо ѝ секогаш имаше качкет на главата.
качор | м.
Заб што е израснат настрана, криво.
качорлив | прид.
Што се однесува на качор. Качорливи заби.
качулка | ж.
Вид капа, пришиена или закачена за јаката на облеката. Момчето носеше ветровка со качулка.
качунка | ж.
Рано пролетно цвеќе, со бели, жолти или сино-виолетови цветови во вид на ѕвонче; Crocus neapolitanus. Од влажната земја плашливо подѕирнуваа качунките.
каша | ж.
а) Јадење придготвено од сварено брашно со вода или млеко. Каша од пченкарно брашно. Овесна каша. Јадеа пиле со каша. б) Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.
кашав | прид.
Што е како каша. Калта беше кашава од обилните есенски дождови.