кај | предл.
Место, простор, положба. Кај вас е многу топло. Одам кај директорот на состанок. Се сретнале кај чинарот, но не се поздравиле.
кајак | м.
Мал ескимски чамец, обично за едно лице, изработен од кожа на дрвена конструкција.
кајакар | м.
Спортист што се занимава со кајакарство, тој што управува со кајак.
кајакарство | ср.
Спортска дисциплина, веслање со кајаци и со кануа.
кајгана | ж.
Јадење од изматени, пржени јајца.
кај-годе | прил.
Сеедно каде.
кајдарак | м.
Мало, плоснато камче за игра.
кајдиса | св.
Нападне; погуби. Го кајдисале горе в планина.
Кајзери | ср.
Град во Турција.
кајкушка | ж.
Вид ситна круша.