кајмак | м.
Масниот слој што се создава со ладење на варено млеко, кој се собира за изработка на млечен производ; млечен производ добиен на тој начин. Јадевме сомун и кајмак.
кајмакам | м.
Застапник на везир или на валија во некоја околија; управител на околија, каза.
кајмакамство | ср.
Територијална единица со која управува кајмакам; објект, седиште на кајмакам.
кајмаклија | прид.
Што има многу кајмак (обично за кафе).
Кајмакчалан | м.
Планински врв во Македонија.
кајман | м.
Вид крокодил распространет во Средна и Јужна Америка; Caiman crocodilus.
Кајмански Острови | м.
Британски острови во Карипското Море.
кајсија | ж.
Дрво, овошка со жолто-црвен плод и голема семка во средината; Prunus armeniaca.
кајче | ср.
Дем. од каик. Рибарско кајче.
кања | ж.
Вид орел; белоглав мршојадец, египетски (бел) мршојадец; Neophron percnopterus.