кањари | несв.

Чита молитви во црква.

кањерка | ж.

Вид модри сливи.

кањон | м.

Тесна и длабока речна долина, со високи и стрмни карпести страни; клисура. Непристапно е над стрмната страна на кањонот.

квадрант | м.

Четвртина од круг.

квадрат | м.

Четириаголник на којшто сите страни му се исти и сите агли прави.

квадратен | прид.

Што е со форма на квадрат. Тој ме пречека во малото квадратно дворче.

квадратест | прид.

Што е сличен на квадрат. Квадратеста масичка.

квадратура | ж.

Вкупна површина на некој простор изразена во квадратни единици. Дворот имаше голема квадратура.

квази- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење лажно, привидно: квазинаучен, квазиавторство, квазипатриотски.

квака | несв.

Испушта звук, глас ква-ква, карактеристичен за жаба и за некои птици. Во дворот квака јато гуски.